X
 12.12.2022 Живот

Агрон Усеини го издаде вториот дел од серијалот книги насловени „Овириум“

Агрон Усеини минатата година ја збогати домашната книжевна сцена со неговото првенче „Овириум – отаде Смртта“, кое ги освои своите читатели. Приказната е серијал кој ќе се состои од три дела, вешто испреплетени и збогатени со неверојатни авантури полни со фантазија и магични преобразби.

Промоцијата на вториот дел од серијалот „Овириум“ насловен „Помеѓу светови“, чиј издавач е ПАБЛИШЕР, се одржа во книжарницата на ТРИ во „Ист гејт мол“ минатава сабота. Авторот Агрон Усеини повторно нѐ збогатува со нови случувања во приказната и ни ги открива мистериите кои ги доживуваат ликовите во книгата.



За што станува збор во книгите? Приказна е раскажана од мистериозен наратор кој нѐ впушта во чудесниот свет на ОВИРИУМ. Во првиот дел „Отаде Смртта“ се запознаваме со Матеј и неговиот пријател, Чуварот на Преминот. Преку нивните авантури дознаваме зошто Матеј е држен во заложништво целиот свој живот, за во расплетот од првиот дел да се соочиме со суровата загуба која ќе го разбрани пророштвото. Пророштво кое е двигател на мрачната цел на напредната цивилизација именувана Овириум, цел да го пронајде долгогодишниот заборавен стопроцентен човек. Само со неговото пронаоѓање, цивилизацијата, создавач на светови, ќе може да продолжи понатаму. Вториот дел од серијалот, „Помеѓу Светови“ отплетува нов јазол и нѐ запознава со нови ликови - Сестрата близначка на Матеј, Црвенокосата кралица и таинствената Оракула.

Книгите се достапни во продажба во книжарниците на ТРИ и онлајн (тука) а набргу ќе се дистрибуираат и низ други поголеми книжарници низ Македонија, воедно и маркети.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот