X
 09.04.2018 Живот

Книги што треба да ги прочитате пред да почнете сопствен бизнис

Ако сакате сопствен бизнис, ќе ви биде потребен совет од каде да започнете, на кои стапици да внимавате и како најдобро да ги потрошите времето и парите за да ја реализирате вашата идеја.

Додека сте во искушение да посетувате часови, семинари и сесии за обука, книгите се најпристапниот начин за да почнете со учење. Еве кои треба да ги земете предвид.

1. „The Art of the Start 2.0: TheTime-Tested, Battle-Hardened Guide for Anyone Starting Anything“, Гај Кавасаки

За Кавасаки, една клучна идеја е безвремена: Важноста да се фокусирате на клучните детали на почетокот така што грешките нема да ве сопнат додека вашиот бизнис расте.

2. „The Founder's Dilemmas: Anticipating and Avoiding the Pitfalls That Can Sink a Startup“, Ноам Васерман

Можете да научите многу со проучување на искуствата на основачите кои го поминале искуството пред вас. Ноам Васерман, професор по клиничко претприемништво на Универзитетот во Јужна Калифорнија, гледа малку пошироко на тоа како основачите успеваат и не успеваат.

3. „Become Your Own Boss in 12 Months: A Month-by-Month Guide to a Business That Works“, Мелинда Ф. Емерсон

Емерсон, основач и извршен директор на „Куинтсенс мултимедиа“, открива како да започнете бизнис во серија од месечни чекори. Овој практичен водич ги опишува задачите што ви се потребни за да се справите со бизнисот на самиот почеток.

4. „The Lean Startup: How Today's Entrepreneurs Use Continuous Innovation to Create Radically Successful Businesses“, Ерик Рис


Претприемачот, блогер и автор Ерик Рис сака деловните луѓе да размислуваат поинаку. Со вистински менаџмент и зголемена ефикасност вашиот бизнис ќе биде вистински успех.

5. „Will It Fly? How to Know if Your New Business Idea Has Wings … Before You Take the Leap“, Томас К. Мекнајт


Мекнајт им помогнал на стотици луѓе да ги лансираат своите бизниси. Тој се потпира на своето искуство за да изготви сеопфатен список за утврдување дали вашата идеја ќе биде успешна.

6. „Entrepreneurial You: Monetize Your Expertise, Create Multiple Income Streams, and Thrive“, Дори Кларк


Едно е да имате сон да бидете претприемач, а сосема друго е да ги научите сите подеми и падови, да изградите име, да развиете повеќекратни приходи и да продолжите да привлекувате нови клиенти на месечно ниво.

7. „Jab, Jab, Jab, Right Hook“, Герј Вајнерчак

Маркетинг-експертот и автор на голем број бестселери нуди совети за тоа како да успеете да ви се слушне гласот онлајн. Клучот не е да им го кажете на клиентите она што вие сакате, туку да откриете што тие сакаат и да им го дадете тоа.

8. „32 Ways to Be a Champion in Business“, Ервин Џонсон

Џонсон има постигнато многу откако му завршила кошаркарската кариера. Тој е главен извршен директор на „Меџик Џонсон ентерпрајс“, инвестициска компанија вредна милијарда долари. Неговата книга споделува практични чекори за создавање успешен бизнис, како што е изработка на бизнис-план, градење на вашиот бренд и ангажирање вистински вработени.

9. „Setting The Table“, Дени Мејер

Дени Мејер е успешен сопственик на ресторан, а неговата книга е делумно мемоари од неговиот живот, меѓутоа, неговите совети одговараат за секој бизнисмен.

10. „Simple Numbers, Straight Talk, Big Profits!: 4 Keys to Unlock Your Business Potential“, Грег Крабтри


Крабтри дава чекор-по-чекор инструкции и многу примери од реалниот свет. Книгата ги посочува клучните финансиски индикатори и ги опфаќа прашањата за човечки ресурси, даноците и растот на бизнисот, меѓу многу други.

11. „The One Page Business Plan for the Creative Entrepreneur“, Џим Хоран


Авторот Џим им овозможува на неговите читатели едноставни вежби што ќе им помогнат да го разјаснат нивниот пристап кон нивниот бизнис во концизен документ. Тој смета дека пишувањето бизнис-план е особено важно ако користите туѓи пари за започнување бизнис.

12. „Think Big, Act Bigger: The Rewards of Being Relentless“, Џефри В. Хејзлет


Неговата едноставна и моќна порака одговара еднакво на сите стартапи и гигантски корпорации: преземете акција. Постојат многу препреки што стојат на патот кон напредокот, па суштинскиот елемент на успехот продолжува да ве носи кон вашите цели.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот