X
 04.09.2021 Живот

Читањето на делата на Достоевски, Толстој и Хемингвеј помага подобро да се снајдеме во 21 век

Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул откриле дека читањето класична литература има позитивни ефекти врз умот.

Како што објаснуваат истражувачите, тоа значи дека популарно наречената „тешка литература“ дејствува на мозокот на читателот како енергетска инјекција која овозможува создавање нови мисли, форми и врски.

И читањето поезија носи придобивки бидејќи им овозможува на читателите да размислуваат за сопствените искуства и да се поврзат со прочитаното.

Во истражувањето, волонтерите прво читале проза, како што се извадоци од „Кралот Лир“ од Шекспир или „Магбет“, додека скенерите ја следеле нивната мозочна активност. Потоа им било дадено да ги прочитаат преведените пасуси, прераскажани на поедноставен начин. Истражувачите откриле дека класиците предизвикале поголема електрична активност во мозокот.

Истражувачкиот тим планира да ја прошири својата работа во терапевтски спектар, како што е проучување на ефектот на читање кај луѓе со деменција.

Ова е само една од серијата потврди за позитивните ефекти на класиците врз човечкиот ум. Исто така, слично истражување откри дека читањето на делата на Достоевски, Толстој, Хемингвеј и други класици на светската литература ни помага подобро да се снајдеме во 21 век.

Ова американско истражување покажа дека луѓето што читаат класични книжевни дела се подобри во препознавањето на туѓите емоции отколку оние што уживаат во „лесната“ литература. Причината е што, како што велат научниците, сложените ликови во делата на класиката се поголем предизвик за нашиот ум.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот