„Мета“ објавува нова функција на „Инстаграм“ наречена „пробни рилс/trial reels“, која им овозможува на креаторите да ја тестираат својата нова содржина покажувајќи им ја на корисниците што не ги следат. Насочена кон креаторите, оваа функција е дизајнирана да ги отстрани претпоставките и да овозможи да се испробаат нови формати, без страв од тоа како содржината ќе биде примена од постојните следбеници.
Социјалната мрежа признала дека креаторите понекогаш се нервозни поради обидот за нови жанрови на содржина надвор од нивната вообичаена област на интерес, или заради прекумерно објавување.
- Ако сакате да испробате нов жанр, формат за раскажување приказни или тема, можете лесно да добиете интуитивен фидбек за тоа како вашата содржина може да функционира - истакнуваат од „Мета“.
Ако сте креатор, можете да ја вклучите пробната опција додека составувате нов рил во апликацијата „Инстаграм“. „Трајл рил“ прво ќе им се прикаже на корисниците што не ве следат, а клучните сознанија како прегледи, допаѓања, споделувања и коментари ќе бидат достапни во рок од 24 часа од објавувањето.
Ако сè изгледа добро, креаторите можат да го споделат рилот со своите следбеници во секое време или да постават автоматско споделување, што ќе се случи ако „трајл рилот“ добие доволно прегледи во рок од 72 часа. Следбениците и луѓето што го посетуваат главниот профил на креаторот или таблата на „Рил“ нема да видат рил што моментално се разгледува - тоа ќе биде видливо само за креаторот.
Сепак, следбениците може да наидат на „трајал рил“ ако некој го сподели со нив преку директна порака. Следбениците можат да најдат и „трајал рил“ на страница што прикажува рилови со истата аудиопесна, локација или филтер.
Компанијата ја тестира оваа функција од почетокот на годината, а креаторите што учествувале во тестирањето известиле дека предлозите за новите содржини добро функционираат и со новата публика и со постојните следбеници.
Извор: bajtbox.com
Фото: Bajtbox