Во раните почетоци „
Фејсбук“ нудеше опција која корисниците ја користеа за да ги изнервираат своите пријатели.
Станува збор за „боцкањето“ (опцијата „poke“).
Тоа нема да биде единствената опција што е претставена, туку ги има вкупно пет. Освен „боцкањето“ на симпатијата, сега постои можност да намигнувате, прегрнувате и да отпоздравувате.
Сè што треба да направите е да отидете на нечиј профил и под профилната фотографија да ја изберете опцијата „hello“. Тука треба да ви се појават и другите реакции.
Оваа опција е достапна во Велика Британија, Тајланд, Австралија, Канада, Колумбија и во Франција, а наскоро би требало да се појави и низ целиот свет.