Хегемонијата на американскиот долар ќе заврши во следната деценија, сметаат одредени банкари.
Централните банки ја уништија вредноста на пазарите на недвижности, обврзници и на берзите, смета британско-американскиот инвеститор Мич Фајерстајн.
Авторот на многу дела за пирамидалната измама вели дека нѐ чека многу бурен период на пазарите.
Според банкарот, кој во 80-тите години работел на Вол стрит, стоката е единствената вистинска вредност бидејќи всушност можете да ја размените за нешто што некому му е
потребно.
Фајерстајн вели дека во следната деценија хартиените пари, особено валутата долар, ќе го изгубат сјајот.
- Хегемонијата на американскиот долар ќе заврши во следната деценија - прогнозира тој.
Аналитичарот објаснува дека вредноста на валутите, а особено на американскиот долар, моментално е преценета.