X
 10.09.2017 Економија

Се сруши надежта на Естонија за нова валута


Банкноти евра
(Фото: Thinkstock)



Марио Драги, претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), ја отфрли идејата на естонските национални финансиски институции да издадат сопствена криптовалута и самостојно да управуваат со неа.

„Ниту една членка на еврозоната не може да креира своја нова валута, па ни криптовалута. Единствена валута е еврото“, беше јасен Драги.

Идејата за естонска криптовалута потекна од Каспер Корјус, директор на националната e-Regency програма.

Според неговите зборови, естонската електронска валута би се викала „есткоин“, а тргувањето со неа би помогнало за инвестиции во земјата.

Сепак, за разлика од постојните криптовалути, вредноста на „есткоинот“, барем на почетокот, би била одредувана со некаков вид crowdfunding програма, т.е. не би се одредувала во зависност од движењата на пазарот.

Само неколку дена пред официјалниот коментар од Марио Драги кинеските власти го прогласиле за нелегално секое собирање средства преку трговија со дигитални токени, односно криптовалути од кој било вид.

Естонија е европски лидер по дигитални иновации, а меѓу другото е првата земја што понуди идентификациски картички за е-престојувалиште за луѓето низ светот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија