X
 01.09.2016 Култура

Што е различно на новата австралиска банкнота од 5 долари?

Австралија ја пушти во оптек новата банкнота од 5 австралиски долари. Меѓутоа, што е различно кај оваа банкнота од останатите?

 

долар


Оваа банкнота е првата која може да ја користат 360.000 слепи луѓе во оваа земја. Иако голем дел од Австралијаните беа против дизајнот на оваа банкнота, 15 годишниот Конор МекЛеод е и повеќе од среќен затоа што тој помогнал во воведувањето на промената. МекЛеод заедно со неговата мајка Ели Ланкастер започнале петиција на „Change.org“ пред околу 3 години на банкнотите да се воведат тактилни ознаки.

„Да, парите имаат различна големина и тоа им помага на слепите, меѓутоа освен ако нема во него други банкноти со кои може да направи споредба, тој не може поинаку да ја разликува банкнотата“, вели неговата мајка.

Откако 57.201 луѓе ја потпишаа петицијата, Резервната банка на Австралија во февруари 2015 година излезе со ветување дека следната генерација на австралиска валута ќе има тактилни ознаки за слепите.

Арон Тајлер, човекот кој ја дизајнираше новата валута, му направи на 15 годишното момче лична банкнота во знак на почит, нарекувајќи го легенда.

 

момче


„Јас сум само едно обично момче, не се гледам себеси како некој кој може да води кампањи“, вели младиот Конор. „Но ако наидам на нешто што не е во ред, јас сакам да преземам иницијатива и да направам нешто, наместо само да се жалам“, додава тој. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура