Како до предновогодишна магија? Најдобро е со музика!
Крајот на годината традиционално се поврзува со заокружување на една целина на која се надоврзуваат желбите и плановите за уште поубави настани во наредната година. А, за децата чие централно повеќегодишно хоби е свирењето на музички инструмент, овие желби и планови најчесто се поврзани со нивната омилена музика. Дали е тоа приредба, настап, концерт, рецитал, музички приказ, фестивал или натпревар, на децата им е сеедно - само да имаат простор за уметничко изразување!
Во тој контекст, на 17 декември музичкото училиште „Пијанофорте“ го одржа својот музички маратон во Музејот на македонската борба.
Наставниците, како вистински музички ментори на овие ученици, секојпат желно одговараат на желбите и вкусовите на секој ученик поединечно. Со сите почести од музичко-едукативниот тим на приватното музичко училиште „Пијанофорте“, децата и младите го имаа својот предновогодишен рецитал. Не еден, туку пет рецитали во еден ден!
Наставниците со нив свиреа, ги бодреа, им честитаа и не забораваа дека секојпат тие, младите, се во центарот на вниманието.
Неретко, во ансамблите рамо до рамо свират ученици од различни возрасти, па и наставници. Така се дојде и до концертна програма за годинешниот концерт, во која се испеаја песни во хор, се свиреше камерна музика и имаше многубројни солистички настапи. Богатството од детски песнички, популарни класици, железен солистички репертоар и понекоја тема од филм или серија го оформи разиграниот репертоар на петте предновогодишни концерти.
Задоволството беше огромно, а за тоа сведочат и гордите објави на социјалните мрежи од страна на среќните родители, од кои издвојуваме мал дел - секако, со променети имиња.
- Прв настап на Миа, на новогодишниот концерт на Pianoforte - MUSIC School ✨️💫✨️
-Какво достигнување, ви благодариме Пијанофорте!
- My Tara
-Speechless, every time! Thank you for all your hard work!
- Very good. Congratulations
-You have brought so much joy and happiness in our daughter’s life, we are forever grateful!
Сепак, целиот месец декември помина во името на крунисување на повеќемесечната работа на омилените композиции. Ѕидовите на училиштето вибрираа од постојаните проби, преслушувања и мини претконцерти, од аплаузот на другарчињата и наставниците и од возбудливата неизвесност наречена „трема“: дали „ќе отсвирам без грешка“ (што секако дека не е најважно, но на учениците често пати им претставува цел за себе), дали „ќе се присетам да се поклонам и да се насмевнам кога ќе досвирам“; за на крај сепак да се внесе сето срце и душа и со леснотија се музицира по безбројните репетиции на истото дело.
Овој тип на ментална подготовка на учениците е карактеристичен за „Пијанофорте“. Свирењето музички инструмент никогаш не останува да се свири исклучиво зад затворени врати. Музиката е тука да се споделува, да шири радост и да пренесе позитивни емоции.
Приватното музичко училиште „Пијанофорте“ на сите деца им посакува успешна и распеана 2023 година!
(Комерцијална објава)