X
 01.03.2019 Живот

Поранешна фабрика во Данска претворена во необично музичко училиште

Средното училиште „Роскилд фестивал фолк“ ја завршува последната фаза од мастер-планот што вклучува училиште во рамките на поранешна бетонска фабрика - два нови модуларни блока на студентски дом, зграда за сместување на вработените и серија структури чиј простор ќе може да се искористи за иновативни стартапи, од кои голем дел се поврзани со музиката и културата на младите. За да го надополнат креативниот карактер на училиштето, зградите се опремени со разиграни геометриски форми и живописни бои заедно со различни материјали инспирирани од музичкиот фестивал.

- Нашиот дизајн, исто како и самото училиште, беше инспириран од духот на фестивалот „Роскилд“. Сè е поврзано со музиката, уметноста, активизмот, но пред сè слободата. Сакавме добрата атмосфера на фестивалот да ја доловиме во дизајнот на внатрешноста на училиштето - вели Јакоб ван Ријс, коосновач на МВРДВ, компанија што го креира дизајнот на училиштето.

За училиштето, архитектите користеле концепт „кутија во кутија“ за да го поделат големиот индустриски простор на фабриката во помали употребливи простории. Шарените модули можат да се користат за многу работи, вклучувајќи и аудиториум со 150 седишта, наречен Портокалова сцена, по главната сцена на фестивалот. Модулите можат да се искористат и за музичко студио, работилница, училници за танци, уметност и архитектура.

Ова училиште ќе се разликува од другите на многу начини и е првото училиште од ваков вид во Данска во период од 45 години. Училиштето нема наставна програма, ниту испити, а учениците и наставниците ќе живеат во кампус во текот на училишната година.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот