Во неделата на 5. јуни, во паркот „Ибни Пајко“ зад Македонската филхармонија, во организација на приватното музичко училиште „Пијанофорте“, се одржа завршниот концерт на поп-одделот. Настапувачи беа ученици од 5 до 18 годишна возраст. Прекрасно беше да се види и чуе изведба на познати мелодии во кои децата ги покажаа своите технички и музички достигнувања.
„Пијанофорте“ постои веќе 22 години и брои близу 220 ученици кои посетуваат настава по класична музика и популарни жанрови. Убавината на овој настан беше во тоа што можеа да се видат 80 настапувачи кои во соработка со нивните наставници успеаа да го задржат вниманието на публиката близу 3 часа.
Уште еднаш колективот на „Пијанофорте“ со вложување на огромен труд , голема дисциплина и љубов кон децата и работата, успеа да реализира вака голем и успешен настан кој намерната и не намерната публика ќе го памети.
(комерцијална објава)