X
 22.03.2017 Живот

Поради името не може да си најде работа

садам
Фото: hindustantimes.com

Бродски инженер од Индија се соочил со големи проблеми во потрагата по работа токму поради неговото име и презиме. Имено, овој 25 годишен човек се вика Садам Хусаин - само една буква од неговото презиме се разликува од името и презимето на ирачкиот диктатор Садам Хусеин.

Неговиот дедо со гордост му го пренел името, надевајќи се дека еден ден ќе порасне во добар човек. 25 години подоцна, инженерот од Џамшедпур сфатил дека неговото име е најголем проблем

Откако пред две години дипломирал, 40 пати бил одбиен за работа, иако бил одличен студент на Универзитетот Норул Ислам. На крајот сфатил дека со тоа име никогаш нема да се вработи, па одлучил да си го промени името во Саџид Хусаин.

„Луѓето се плашеа да ме вработат“, вели тој и е убеден дека работодавците се плашат од можни проблеми со имиграциската служба.

Ги променил личната карта, пасошот и возачката дозвола со новото име, но тоа му предизвикало нови проблеми - сега факултетската диплома не му важи, бидејќи на неа е неговото старо име, а универзитетот одбива да му даде нова.

На крајот тој се обратил до Врховниот суд со надеж дека ќе успее да го реши неговиот случај.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот