X
 13.03.2017 Живот

Што значат налепниците на овошјето?

Многумина не обрнуваат внимание на налепниците на кората од овошјето, туку инстинктивно ги вадат пред јадење. Дури и кога ќе ги забележат, ретко кој знае што значат тие декларации. Но, тие не се ставени без причина, објаснуваат експертите. 


Освен евентуалното име на производителот, на декларацијата треба да се наоѓа и бројот кој открива важни податоци за начинот на одгледување на тоа овошје. Декларациите првенствено се однесуваат на овошјето кое е увезено од странство.

Налепница со четири броја

Ако декларацијата има четири броја и започнува со 3 или 4, тоа значи дека е одгледувано со помош на вештачко ѓубриво. Лимонот на пример, е означен со бројот 4033, додека бананите ги носат броевите 4011.

Налепница со пет броја


Ако декларацијата има пет броја и првиот број е 9, тоа значи дека е органски одгледувано. Тоа е гаранција дека тоа овошје е одгледувано без ѓубриво и пестициди. На пример, органски одгледуваните банани имаат број 94011.

Првиот број на декларацијата е 8


Ова е можеби и најважната декларација бидејќи претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава врз основа на петте броеви од кои првиот е секогаш 8. На пример, таквите банани на себе имаат број 84011.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот