Органска, зелена, јаглено-неутрална, свежа, локална… со овие зборови се опишува храната која стана охгромен хит во западниот свет, но и многу профитабилна индустрија.
Доколку купувате ваква храна и сметате дека со тоа придонесувате за своето здравје и за самата планета, треба да размислите повторно, предупредуваат експертите од
New Scientist. Имено, тие наведуваат докажани факти кои ја прикажуваат органската страна во сосема поинакво светло:
Со купување на локална храна се намалува „јаглеродниот отпечаток“ (емисијата на јаглерод диоксид и останатите компоненти на јаглеродот)
Поимот „јаглероден отпечаток“ или попознат по англискиот назив
carbon footprint е мерка за вкупната количина на стакленичките гасови, чија емисија е предизвикана од лице, компанија, настан или производ, на директен или индиректен начин. Иако производителите и дистрибутерите на органската храна ја популаризираат идејата дека купувањето на храна од локалните трговци остава мал јаглероден отпечаток, реалноста е дека таа количина на стакленички гасови кои ја произведуваат загреаните стакленици, не е ништо подобра од јаглеродниот отпечаток што го оставаат авионите ширум светот.
Фото: Pixabay
Органската храна е поздрава
Иако постои 30 проценти помала веројатност дека е загадена со пестициди во споредба со неорганската, органската храна сепак содржи хемикалии, потврдија американските научници од Универзитетот Стенфорд кои проучуваа 237 заклучоци од претходни студии. И покрај распространетото мислење дека органската храна е поздрава во споредба со неорганската, научниците тврдат дека за тоа не постојат докази. Ни овошјето ни зеленчукот како и месото од органско производство, не се побогати со витамини и хранливи материи од неорганската храна.
Научниците исто така откриваат дека органски произведената храна содржи повеќе азот, но тврдат дека тоа најверојатно е последица од поинаквото ѓубриво и степенот на зрелост на овошјето и зеленчукот. Освен тоа, органското млеко и пилешко месо содржат повеќе омега-3 масни киселини, но тоа го потврдуваат само мал број студии, па не може со сигурност да се тврди дека се поздрави од неорганските, истакнуваат тие.
„Луѓето би требало да јадат повеќе овошје и зеленчук без оглед на начинот на производство“, вели авторката на истражувањето Кристал Смит-Спанглер. Ова истражување предизвика низа критики од американското здружение
Soil, инаку промотори на органска храна, кои тврдат дека кај храната од неорганско потекло особено кај пилешкото месо, постои трипати повисок ризик од бактерии отпорни на антибиотици, во споредба со органската храна.
Органските фарми се добри за биодиверзитетот
Штом видат ознака за органска храна, луѓето погрешно претпоставуваат дека се работи за производи без пестициди, а со самото тоа и синоним за нешто здраво. Факт е дека заради недостаток на хемиско инженерство, вообичаените постапки на одгледување како и употребата на пестициди против паразитите, органското производство бара поголеми количини земја за да се остварат доволни реколта и приход.
Заговорниците на
органска храна тврдат дека тоа создава поголема биолошка разновидност. Но, сè почесто се случува загрозување на природата при органско производство. На пример, во тропските краишта големите био-фарми почнаа да посегнуваат во подрачјата со прашуми, што сè почесто завршува со нивна сеча.