X
 13.03.2019 Живот

Зошто животот беше подобар пред 50 години?

Не е тајна дека технологијата ни ги направи животите полесни. Од порачување храна до брзо гугл-пребарување, технологијата го направи животот попрактичен.

Но, постојат некои аспекти од нашите животи што немаат придобивки од технологијата. Всушност, некои работи биле подобри пред 50 години, а се покомплицирани, поскапи и поопасни за правење сега.

Луѓето повеќе се дружеа

Денес, луѓето се потпираат на своите телефони за да комуницираат. Всушност, некои истражувања откриваат дека поради тоа што милениумците повеќе се потпираат на телефоните, тие се помалку социјални во животот. Како резултатот на тоа, среќавањето некого во јавноста може да биде многу потешко. Но, ова бил единствениот начин да сретнете некого пред 50 години.

Беше полесно да се сретне партнер

Со денешните апликации за состаноци нашите опции за состаноци се чинат виртуелно неограничени. Голем дел од луѓето не сакаат да се впуштат во сериозна врска бидејќи го бараат најдоброто за себе - и чувствуваат дека можат лесно да го најдат. Но, пред 50 години луѓето биле ограничени на нивните непосредни кругови, како што се училиштата, работните места, а денес имаме парадокс за избор.

Пред 50 години можевте да останете анонимни


Без никаков џи-пи-ес или систем за следење, пред 50 години можевте сосема да исчезнете. Но, тоа сега е речиси невозможно поради социјалните медиуми, его-ознаките и џи-пи-ес. Дополнително на тоа, финансиските трансакции во голема мера станаа дигитални, со што направија уште потешко да го избришете вашиот дигитален отпечаток.

Работата беше полична и помалку зависна од технологијата


Денес, многу задачи во канцеларијата зависат од некоја форма на технологијата без оглед на тоа дали правите копии, дали ја пишувате вашата листа со задачи, дали испраќате е-пораки или скенирате. Но, некои луѓе се толку зависни од технологијата што им испраќаат пораки на колегите наместо да комуницираат лично.

Пред технологијата луѓето полесно се фокусираа


Сè потешко и потешко ни е да се фокусираме на задачите - особено на работното место, поради важноста на технологијата и социјалните медиуми во нашите животи. Истражување покажа дека во 2004 година луѓето во просек доживувале одвлекување на вниманието на секои три минути. До 2014 година нивниот распон на вниманието паднал на 59,5 секунди. Нашата способност да се фокусираме на одредена задача драстично се намали со текот на времето.

Навиките за спиење беа подобри


Многумина од нас денес лежат со мобилните телефони в кревет пред да заспијат, но истражувањата покажуваат дека ова го спречува производството на мелатонин, хормон од витално значење за спиењето. Иако лекарите советуваат исклучување на електрониката 30 минути пред спиење, голем дел од нас не го прават тоа и имаат лош сон во текот на ноќта. Пред 50 години ова не било проблем.

Луѓето беа ментално и емоционално поздрави пред појавата на технологијата


Истражувањата покажуваат дека луѓето, особено младите, доживуваат стрес, анксиозност, па дури и депресија од социјалните медиуми и употребата на телефонот. Причината за ова е затоа што луѓето сега можат да се споредат со секој што изгледа дека има подобар живот. Ова не беше случај пред 50 години, кога немаше платформи на кои луѓето се претставуваа себеси и својот „совршен живот“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот