Често поставувано прашање е кои навики е потребно да ги имате за да негувате здрав животен стил. Иако ова се разликува кај различни индивидуи, заедничко им е тоа што не се откажуваат од целта.
Еве неколку активности што може да ги практикувате за да креирате поздрав животен стил. Не си создавајте притисок. Пробајте една или две и постепено вклучете ги останатите.
Здравите луѓе практикуваат грижа за себе. Иако темпото на живеење е неверојатно брзо во денешно време, многу е важно да се вратите чекор назад и да посветите време на себе и на нештата што сакате да ги правите.
Смирете го умот. Иако е познат бенефитот од медитацијата, малкумина имаат трпение за десетина минути тишина на умот. Таа е добра алтернатива за смирување каде и кога било. Медитацијата го намалува стресот и анксиозноста, а бенефитите ќе ги забележите по само неколку дена практикување.
Престанете да размислувате негативно. Негативните ставови и стравот можат значително да влијаат на менталното и физичкото здравје. За да престанете да ги имате практикувајте да ги заменете со позитивни кои се основани на реалноста. Притоа, бидете благодарни, сочуствителни и свесни за тоа колку сте среќни во многу аспекти на животот.
Дајте приоритет на сонот. Без неопходната доза на сон нивото на енергијата ќе Ви опаѓа и за 4 пати повеќе Ви е зголемен ризикот од болест. Затоа мора и спиењето да го ставите на Вашата листа со задачи.
Креирајте среќен дом. Кога Ви треба место за да избегате од светот одите дома. Таму може да бидете она што сте, и да Ви биде удобно во средината што сте го создале. Среќниот дом може веднаш да Ви разбудува насмевки и смиреност штом влезете низ вратата.
Будете се рано. Ако сакате да го започнете денот правилно и да здраво, разбудете се порано. Според една студија луѓето кои стануваат рано е поверојатно да се хранат поздраво од оние што остануваат будни доцна во ноќта. Обидете се да одите на спиење порано, а со тоа и да се разбудите порано. Потребно е само да стекнете навика.
Откажете се од лошите навики. Ако брзината на живеење Ви го тргнала здравиот начин на живот подолу на листата со приоритети, веројатно е дека имате воспоставено и негативни навики. Ако е ова точно размислете дали за ужина јадете слатки или дали пиете премногу вино и обидете се да ги замените со здрави оброци.
Имајте хоби. Хобијата не се нешто што го правите кога Ви е досадно, туку нешто што сакате да го правите и што воедно придонесува за Ваш здрав животен стил. На пример, со цртање се намалува анксиозносноста, а пишувањето и читањето ќе Ве направат попаметни. Одберете го она што Ви одговара и не губете време да почнете со практикување.