X
 04.02.2015 Живот

Зошто љубовта не е доволна?

Во 1967 година Џон Ленон ја напиша песната „All you need is love“. Исто така, тој ги тепаше и двете сопруги, напушти едно од неговите деца, вербално го злоупотребувал неговиот менаџер кој бил Евреин и хомосексуалец.


35 години подоцна, Трент Резнор од „Nine Inch Nails“ ја напиша песната „Love is not enough“. И покрај тоа што Резнор е познат по неговите шокантни сценски настапи и неговите гротескни и вознемирувачки видеа, тој успеа да се откаже од дрогата и алхоколот, се ожени со една жена, има две деца со неа и се откажа од албумите и турнеите за да остане дома и да биде добар татко и сопруг.

Еден од овие двајца мажи имаше јасно и реалистичко разбирање за љубовта. Еден од нив немаше. Еден од овие мажи ја идеализираше љубовта како решение на неговите проблеми. Еден од нив не. Еден од овие мажи веројатно беше нарцисоиден кретен. Еден од нив не.

Во нашата култура, голем број на луѓе ја идеализираат љубовта. Се чини дека таа е лек за сите проблеми во животот. Филмовите и приказните како и нашата историја сите ја слават како крајна цел на животот, како конечно решение за нашата болка и борба. И бидејќи ја идеализираме љубовта, често пати и ја преценуваме. како резултат на тоа, врските и односите ја плаќаат цената.

Веруваме дека „се` што ни е потребно е љубов“, а потоа како Ленон, ги игонорираме основните вредности како што е почитта, скромноста и посветеноста кон луѓето кои ги сакаме. После се`, ако љубовта решава се`, тогаш зошто би се мачеле со другите работи - сите останати тешки работи?

Но ако, како Резнор, веруваме дека „љубовта не е доволна“ тогаш разбираме дека здравите односи бараат многу повеќе од чиста емоција и возвишени страсти. Разбираме дека тие работи се многу поважни во нашите животи и нашите врски отколку само да бидеме вљубени. А успехот на нашите врски зависи од овие подлабоки и поважни вредности.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот