Биби и Боби денеска сакаат да ве научат нешто ново. Тие одбраа забавен начин за да ги научат помалите деца на повеќе теми низ серијалот видеа „Учиме со Биби и Боби“. Прва тема на која сакаат да ги научат децата се дивите животни. Откријте кој сѐ живее во шумата на
јутјуб-каналот на Биби.
„Светот на Биби“ се труди постојано да наоѓа интересни активности за децата.
Сценариото е на Билјана Црвенковска, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а режисер на видеото е Ивана Јованова.