Челна позиција има промотивниот материјал за проектот „Светот на Биби“ на
интернет-страницата на големиот „Картун 360“ форум што ќе се одржи од 2 до 4 декември во Лил, Франција.
„Картун 360“ (Cartoon 360) е голем пичинг-настан целосно посветен на мултимедијалната анимација и се смета за следен чекор по Cartoon Forum, каде што „Светот на Биби“ веќе учествуваше во Тулуз во септември годинава.
„Светот на Биби“ е избран меѓу 24 проекти од Европа за да учествува на овој важен настан, каде што пред илјадници експерти од дигиталниот свет нашиот проект може да добие практични совети, да научи како се прават бизнис-планови, да воспостави нови соработки.
Секој од избраните продуценти ќе добие 20 минути за да го презентира својот проект. Пичинг-сесијата ќе се одвива пред експерти од оваа област и како може да се „патува“ на одредени платформи (најмалку две платформи во кои не спаѓаат телевизиите и киносалите). Потоа самите експерти ќе се изјаснат за можностите на проектот. Интересно е што пичинг-сесијата ќе се одвива и пред други продуценти.