X
 07.05.2021 Живот

Центар во Англија нуди дружење со десетици златни ретривери

Доколку сакате кучиња, но немате услови за чување, размислете за патување во Сомерсет, Англија. Таму има туристичка атракција каде што може да играте со златни ретривери. Има опција и за преспивање на локацијата наречена „Голден ретривер експериенс“.


Фото: The golden retriever experience

Гостите може да поминуваат време со пријателските кучиња, меѓу кои има и слатки кутриња. Тие може да ги хранат или да играат со нив. Локацијата станала популарна откако Тили Вошер објавила видео од центарот на „Тик-ток“. Во нејзиното видео се гледаат десетици златни ретривери како играат во тревата, трчаат и скокаат.


Фото: The golden retriever experience

Центарот бил повторно отворен на 12 април, претходно бил затворен поради пандемијата. На веб-страницата на центарот пишува дека кучињата се тренирани и се пријателски настроени.


Фото: The golden retriever experience

Посета од два часа чини 80 долари за возрасни, 69 долари за пензионери и 40 долари за деца. Влезот за деца под две години е бесплатен. Може да се резервираат и подолги сесии од три и четири часа што чинат 125 долари, односно 166 долари.

Автор: Екта Јоши
Извор: luxurylaunches.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот