X
 13.04.2020 Живот

Пожарот во Чернобил сѐ уште беснее

И покрај вклучувањето на авијацијата, која фрлила речиси 400 тони вода врз шумските пожари во зоната на исклучување во Чернобил, украинските пожарникари не можат да се справат со огнената стихија веќе 10 дена, соопштија од украинската Служба за вонредни состојби.

- Службата за вонредни состојби и службениците за шумарство продолжуваат да се борат со огнот во шумите Корогодски, Котовски и Денисоветски - истакнаа од службата и додадоа дека 366 лица и 88 возила, вклучително и три авиони и три хеликоптери се вклучени во операцијата и тие фрлиле 370 тони вода на 12 април.


Службите истакнаа дека ситуацијата со радијацијата во Киев и околината е стабилна и додадоа дека моќноста на дозата на изложување на земјата и содржината на радиоизотопи во водата не ги надминуваат дозволените граници.

Пожарот во зоната на исклучување во Чернобил изби на 4 април. Полицијата идентификува осомничен виновник - 27-годишник од регионот на Киев. Против него се покренати кривични постапки.

Извор и насловна фотографија: TASS
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот