X
 25.07.2018 Живот

Овие две мапи ја покажуваат вистината за глобалното затоплување

Повеќе земји во светот деновиве се зафатени од топлотен бран. Станува сѐ пожешко, а никој не знае кога ќе запре тоа.

Во Грција беснеат пожари, кои зедоа 50 животи, а жешкото време во Јапонија, каде што беа измерени 41 Целзиусов степен, зеде повеќе од 20 животи. И арктичкиот круг гори. Области во Финска и во Шведска ги доживуваат највисоките температури некогаш измерени таму.

На многу начини ова е глобална епидемија, но и покрај свеста за глобалното затоплување, сѐ уште нема решение. Секако, во ситуацијава не помагаат луѓето кои негираат дека има климатски промени, како американскиот претседател Доналд Трамп, кој како да се мачи да направи разлика меѓу климатски промени и временски околности.

Ако ви треба визуелен приказ за тоа колку е сериозен овој глобален топлотен бран, погледнете го овој твит на метеорологот Сајмон Ли и фотографијата на која може да се видат големите разлики меѓу температурите во 1976 година и сега.



Според истражувањето на Сајмон, само области од Јужна Америка, Канада и Африка немаат значително зголемување на температурите во моментов, додека во 1976 година само во неколку области од планетата било значително потопло од вообичаено.

Во другите твитови Сајмон додаде графикон на кој може да се види како се зголемувале  температурите со текот на годините.

Не треба да сте експерт по климатологија за да кажете дека ваквите статистики не се охрабрувачки и дека треба да се гледаат со загриженост.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот