X
 13.04.2022 Наука

Две големи структури во јадрото на Земјата го менуваат обликот

Научниците знаеле дека во јадрото на Земјата има две големи структури, но не се знае многу за нив. Сега, некои експерти мислат дека тие структури се поместуваат.

Едната од структурите се наоѓа под Африка, а другата под Тихиот Океан и двете создаваат вулкани кога се допираат со површината на Земјата. Претходно се мислело дека тие не се движат, но истражувачи од универзитети во Франција, Кина и Австралија сметаат дека тие се подвижни и ја менуваат формата.

Според нив, како и континентите, овие структури може да се расцепуваат и спојуваат. Според нивните модели, структурата под Африка веројатно се создала пред 60 милиони години, иако претходно се сметало дека таа е многу постара.

Научниците велат дека новиот начин на гледање на овие подземни структури може да помогне за подобро детектирање на депозити на дијаманти и метали.


Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука