Земјата се соочува со голем проблем со вселенскиот отпад. Овој проблем ќе се влошува како што расте бројот на компании и влади што лансираат сателити, летала, па дури и туристи во вселената.
Голем дел од она што го испраќаме во вселената на крајот гори во атмосферата, но дел останува во орбитата. Џејк Ебот, професор на Универзитетот на Јута, предвидува дека ситуацијата може толку да се влоши, што Земјата би можела да наликува на Сатурн во иднина.
- Земјата наскоро би можела да има свои прстени. Но тие ќе бидат направени од отпад - изјавил тој за локален медиум.
Фото: Pixabay
Според Европската вселенска агенција, во орбитата веќе има околу 170 милиони парчиња вселенски отпад со дијаметар поголем од еден милиметар. Околу 670.000 се поголеми од 1 сантиметар.
Компании како „Спејс-екс“ лансираат многу сателити во орбитата, а со тоа се зголемува ризикот за судир помеѓу нив.
Ебот смета дека можен начин за чистење на вселенскиот отпад би бил со помош на магнети кои би го контролирале движењето на уредите.
Извор:
Futurism
Фото: Pixabay