Познатиот американски водител Џими Кимел се осврна на новиот извештај објавен од страна на Обединетите нации во кој се предупредува дека постои ризик околу 1 милион видови растенија и животни да исчезнат поради активностите на човекот.
Така, екипата на Кимел ги прашува Американците дали се загрижени за можното исчезнување на еден вид - хомо сапиенс. Одговорите на случајните минувачи не се ништо помалку од страшни.
Еден од минувачите вели дека не треба да дозволиме хомо сапиенс да изумре како диносаурусите, една жена вели дека видела хомо сапиенс во зоолошка градина и бил влакнест, голем и личел на горила, а една минувачка искрено кажува: „Не знам што е хомо сапиенс, ако исчезнуваат, тоа е многу тажно, но на крајот на краиштата, не ми е гајле“.