X
 27.10.2020 Здравје

Во последната недела: Четвртина од тестираните имале Ковид-19, а бројот на смртни случаи зголемен за 71%

Од 19 до 25 октомври се пријавени 84 смртни случаи од 24 града, што е зголемување од 71,4 отсто во споредба со една недела претходно

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 19 до 25 октомври 2020 година, тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е зголемување од 5,9% во споредба со една недела претходно. Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 града во државата, што претставува зголемување од 27,4 отсто во споредба со минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи - 1.654 се од Скопје (48,5%). Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години, а голем број заболени се регистрирани и во возрасните групи од над 60 години.

Пријавени се 1.695 (49,7%) лица од женски и 1.715 (50,3%) од машки пол. Од случаите, епидемиолошки се истражени 555 или 16,3 отсто. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.566 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 477 повеќе во споредба со една недела претходно.

Пријавени се 84 смртни случаи од 24 града, што е зголемување од 71,4 отсто во споредба со една недела претходно. Во однос на возраста, 66 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50 до 59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40 до 49 години и двајца во возрасната група од 30 до 39 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје