X
 13.05.2019 Образование

Прва демонстрација на декарбонизација на дизел-мотор пред студентите на Машинскиот факултет

Денеска на Машинскиот факултет во Скопје студентите по предметот проектирање на мотори со внатрешно согорување, кај проф. д-р Даме Димитровски, присуствуваа на првата демонстрација на декарбонизација на дизел-мотор.

Тие можеа во живо да се уверат дека има значителна разлика во работата на моторот пред и по процесот на декарбонизација.

1

Преку овој метод се прочистуваат карбон депозитите кои се таложат од страна на горивото при внатрешно согорување и на тој начин моторот работи посмирено, а цилиндрите на моторот продишуваат. Оваа пракса треба да е редовна, доколку возачите се грижат за својот автомобил или товарно возило затоа што на овој начин се намалува потрошувачката на горивото, од една страна, а од друга страна, се продолжува векот на работата на моторот.

2

3

Некои велат дека декарбонизацијата е спа за автомобилот, други дека ваквото прочистување е неопходно, а од Глобал мото сервис - ГМС, лиценцирана компанија која користи апарати произведени во Европа и која ја организир оваа презентација, сметаат дека идните машински инженери задолжително треба да ги знаат новите технологии за одржување на моторите со цел да можат да дојдат до подобри резултати и да им го пренесат знаењето на редовните корисници на моторни возила. Оваа процедура, покрај тоа што е грижа за автомобилот, е воедно и грижа за околината.

4

5

 ГМС продолжува со едукативна кампања за широката јавност во насока на објаснување за декрабонизацијата, охрабрувајќи ги корисниците на моторни возила редовно да ја применуваат.

6

6


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование