X
 27.04.2023 Живот

Одморалишта за согорени работници: Наместо тешка работа, ве чека „тежок“ одмор

Колку пати ви се случило да ви се слоши и само да одмавнете со раката коментирајќи: - Од стрес ми е.

Многу луѓе не ги сфаќаат околностите под кои живеат или работат.

Онесвестувањето било „аларм“ за Џени Грејем, деловна жена вработена во мултимилионерската компанија „Куинтесеншали“ од Лондон. Таа извесен период се борела со несоница и стомачни проблеми, но тоа го припишала на типичниот стрес.

- Само туркав и туркав следејќи ги моите амбиции - вели таа.

Но, за брзо време ја сфатила сериозноста на проблемот. Лекарите, вклучително и невролог, на крајот потврдиле дека таа страда од синдром на согорување или исцрпеност.

Ѝ бил измерен крвниот притисок, ѝ било извршено ЕЕГ и ѝ било тестирано нивото на стрес. Кортизилот, хормонот на стрес, ѝ бил покачен. Тоа бил момент кој ѝ го променил животот и ѝ поставил сосема нов пат во кариерата. Во мај, оваа 38-годишна жена, заедно со коосновачот Џени Морис, ќе го отворат одморалиштето „Дип рест“ (Длабок одмор), како прво во низата планирани.

Станува збор за синџир на одморалишта чија цел е да ги лекува луѓето што страдаат од специфични симптоми на исцрпеност (согорување) на работното место. Тоа нема да биде типичен СПА-центар каде што ќе ги наполните батериите, туку специјализирано место за лекување, со најсовремени медицински третмани.

Идејата е напорната работа да се замени со напорен одмор, така што гостите ќе се опуштат во елитните клиники за рехабилитација.

Стапките на исцрпеност од работата достигнаа највисоко ниво од пандемијата: повеќе од три четвртини од вработените, во анкета од „Делоит“ спроведена во март 2022 година, изјавиле дека страдаат од синдром на исцрпеност, а половина рекле дека често се чувствуваат исцрпени на крајот од денот: и физички и психолошки.

Светската здравствена организација во 2019 година ја препозна оваа состојба како здравствена состојба, поддржана од студии кои покажуваат дека исцрпеноста на работното место предизвикува физички симптоми во телото, вклучително и зголемена амигдала, како и ментален и општ стрес.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот