X
 05.02.2024 Наука

Смеењето помага во согорувањето на калориите и придонесува за здравјето на организмот

Сигурно имате забележано дека се чувствувате подобро откако некој добро ќе ве насмее. Но, науката покажа дека смеењето не само што ви помага да се опуштите, туку прави и многу позитивни работи за здравјето.

Според истражување објавено во „Интернешнл журнал оф обесити“, со смеењето се согоруваат калории. Поточно, 10 до 40 калории ако се смеете 10 до 15 минути дневно. Тоа е приближно на калориите што ги внесувате кога јадете мало чоколадо.

Истражувачите дошле до овие заклучоци со мерење на отчукувањата на срцето и трошењето на енергија кај 100 волонтери кои гледале хумористични видеа.

- Откривме дека кога луѓето се смееја, зголемувањето беше околу 20 отсто над просечната стапка на метаболизам во мирување - вели д-р Масиеј Бучовски од Универзитетот „Вандербилт“ во Нешвил.

Исто така, некои научници веруваат дека смеењето може да има слично влијание врз вашите хормони како вежбањето. Се покажа дека ги дава истите резултати како вежбањето кога станува збор за здравјето на срцето.

- Кога се смеете 15 минути, зголемувањето на дијаметарот на крвните садови е слично на она што се случува кога трчате или правите некоја друга кардиоактивност - објаснува кардиологот Мајкл Милер.

Дефинитивно има одредена вистина во изреката - смеењето е најдобриот лек бидејќи може да го подобри здравјето на имунолошкиот систем, да биде средство за ублажување на болката и да се бори против хормонот на стрес кортизол.


Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука