X
 13.05.2022 Технологија

„Нетфликс“ планира да воведе реклами оваа година

„Нетфликс“ ги зголеми цените за претплата на некои пазари годинава, но се чини дека сега ќе воведе и реклами. Компанијата им кажала на вработените дека до крајот на годината може да воведе план за претплата со реклами, според комуникација видена од „Њујорк тајмс“.

Платформата ќе нуди поевтина опција од стандардната која ќе вклучува и реклами. Сè уште не се знае колку би чинела оваа опција.


Фото: Pixabay

Оваа вест не е целосно изненадување бидејќи главниот извршен директор на компанијата, Рид Хејстингс, посочил дека компанијата размислува за воведување поевтина опција за претплата, но воведувањето на оваа опција било најавено за следната година или за 2024 година. Според новата комуникација на компанијата со вработените, опцијата може да биде воведена порано.

Од „Нетфликс“ најавиле и дека планираат да ги зголемат цените за корисниците кои ги споделуваат лозинките со други луѓе.

„Нетфликс“ изгубил 200.000 претплатници во првиот квартал од годината и очекува да изгуби уште 2 милиона во следниот квартал.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија