„Игра на лигни“ ќе се врати со нова сезона годинава, известуваат од „Нетфликс“. Втората сезона од јужнокорејската драма доаѓа околу три години по излегувањето на првата, која сруши многу рекорди во гледаност на платформата.
Од „Нетфликс“ потврдиле дека втората сезона ќе излезе годинава во писмо до своите акционери, но не е откриен датумот на премиерата.
Креирана од Хванг Донг-хјук, серијата е за група натпреварувачи кои се борат до смрт за да освојат огромна сума пари.
Во ноември, платформата започна да ја прикажува првата сезона на реално шоу инспирирано од серијата, „Игра на лигни: предизвикот“. Во реалното шоу 456 учесници се натпреваруваат за награда од 4,56 милиони долари. Веќе беше најавено и снимање на втора сезона од реалното шоу.
Извор:
Independent
Насловна фотографија: Facebook