13.05.2024
Живот
Македонија добива нов кошаркарски „дијамант“
На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига во машка конкуренција. Во државното финале се сретнаа екипите на Водно Санс и на Феникс 2010, а натпреварот донесе големи возбудувања и заврши со победа на Феникс 2010.
Тоа што го одбележа натпреварот беше неверојатното издание на капитенот на противничката екипа Водно Санс - Давор Мојсовски кој беше најзабележителен играч на паркетот постигнувајќи феноменални 52 поени, 15 скокови, 4 асистенции и 3 украдени топки.
Во “дабл-даблот” учинокот на Мојсовски се вброија и 5 реализирани шутеви за 3 поени, што е своевиден раритет на натпреварите за деца до 12 години.
Изданието на Давор Мојсовски во текот целата оваа сезона, вклучително и на завршниот турнир, дава за право да кажеме дека се роди нов дијамант на македонската кошарка.
Доколку го продолжи развојот на кариерата на ист начин како и досега, македонската репрезентативна кошарка ќе има што да се гордее во иднина.