Коби Брајант е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Освоил 5 НБА-првенства, бил прогласен за највреден играч на НБА-лигата во 2005 година и е еден од најпознатите спортисти во светот. Ова се неговите најдобри изреки досега.
„Тоа што го гледаат луѓето на теренот не сум јас, туку другата страна од мене.“
„Една работа која мора да ја знаете за мене е дека немам филтер кога во прашање се мислењата. Навистина немам проблем да го искажам точно она што го мислам за некоја личност.“
„Најважната работа е да се потрудите да инспирирате луѓе за да бидете најдобри во она со што се занимавате.“
„Се концентрирам на само една и единствена работа - а таа работа е да освојам што повеќе првенства.“
„Јас сум овде. Јас не одам никаде. Без оглед на тежината на повредата - освен доколку е потполно онеспособувачка - ќе бидам ист играч како и досега. Ќе пронајдам начин да го направам тоа. Ќе направам некои промени, но и понатаму ќе доаѓам.“
„Се сомневам во себе. Имам несигурности. Имам страв од неуспех. Се случуваат ноќе кога доаѓам во арената и помислувам дека ме болат грбот, колениците и стапалата и не можам да продолжам и би сакал да одморам малку. Сите се сомневаме во себе, меѓутоа тоа не значи дека треба да се предадете на тие сомнежи. Треба да ги прифатите.“
„Играм против сјајни играчи, играм против најдобрите играчи во светот. Натпреварувањето - тоа е она што го очекував цел живот.“
„Сум играл со инфузија пред, за време на и после натпревар. Сум играл со скршена дланка, исчашено раме, расцепана усна и со колено со величина колку бејзбол топка. Одбивам да пропуштам 15 натпревари само поради повреда за која сите знаат дека не е толку сериозна.“
„Темата на водењето е чувствителна. Многу лидери не успеваат бидејќи немаат храброст да допрат нерв или да погодат слаба точка. Во текот на мојата кариера, никогаш не сум го имал тој страв.“
„Не можам да се поврзам со мрзливи луѓе. Не го зборуваме истиот јазик. Не ги разбирам, ниту сакам да ги разберам.“
„Не сакам да бидам следниот Мајкл Џордан, јас сакам да бидам исклучиво Коби Брајант.“
„Јас го бркам совршенството.“
„Ќе наравам сè што е потребно за да победиме на натпревар, без разлика дали тоа вклучува седење на клупа, додавање чаша вода на соиграч или погодување победнички кош.“
„Исклучително сакам да победувам и радо прифаќам предизвици. Добивањето бодови за титули и такви работи... можеби звучат лошо, но не ме интересира како звучи, мене тоа ми оди од рака. Не ми претставува предизвик да освојам доволно бодови за титула, бидејќи знам дека можам.“
„Сите негативни работи - притисок, предизвици - сето тоа се можности за да се докажам.“
„Моите родители се моја поддршка. И понатаму. Тие се единствената група која ќе ме поддржуваат еднакво кога ќе освојам 0 бодови и 40 бодови.“
„Доколку се плашиш од неуспехот, најверојатно ќе го доживееш.“
„Постои избор кој го имаме ние како луѓе и индивидуи. Доколку сакаш да станеш сјаен во тоа што го правиш, мора да одбереш. Сите ние можеме да ги совладаме вештините на тој занает. Она на што мислам кога го велам тоа се жртвите кои доаѓаат со тоа. Времето со семејството, дружењето со пријателите, да се биде добар пријател, добар син, добар внук, каков и да е случајот. Постојат жртви кои доаѓаат заедно со тој избор кој ќе го направиш.“