X
 30.01.2020 Живот

Загина една од најголемите македонски кошаркарски легенди, Благоја Георгиевски - Буштур

Синоќа во Скопје во тешка сообраќајна несреќа загина една од најголемите македонски кошаркарски легенди, Благоја Георгиевски – Буштур.

Благоја Георгиевски - Буштур (роден на 15 октомври 1950 во Скопје) својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите. Во тоа тоа полуфинале, за време на гостувањето кај Чинцано Олимпија Милано, Георгиевски заедно со соиграчот Драган Радосављевиќ добиле труење од храна, резултирајќи со висок пораз на Работнички поради отсуството на Георгиевски - Буштур и слабиот играчки учинок на заболениот Радосављевиќ.

Георгиевски - Буштур бил член на младинската југословенска репрезентација. Со таа репрезентација предводена од Лазар Лечиќ, Благоја ја освоил Балканијадата во Риека во 1970 година. Потоа за време на младинското европско првенство одржано во Атина, Буштур со Југославија го освоил четвртото место на Континентот.

На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на Југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на Југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот