X
 13.06.2019 Култура

Златко Панзов на 15 јуни изложува фотографии во Скопје

Самостојната изложба на фотографии насловена како „Рута 49“ се состои од 15 фотографии направени во трамвај со број 49 во Будимпешта. Тоа е трамвајот што Златко Панзов го поврзува со минатото, со највлијателниот унгарски автор Деже Костољани кој секојдневно ја минувал истата рута, но и со пасажи од делото „Корнел Ешти“ чиј автор е токму Деже Костољани, а преведувач на македонски јазик е Златко Панзов.

 Станува збор за црно-бели фотографии печатени во димензија 30x40 см и изложени на неконвенционален начин преку имитација на трамвај во кој фотографиите имитираат прозорци.

Изложбата на фотографиите ќе се реализира на 15 јуни 2019 година во новата книжарница на книготека Икона (Аминта Трети бр.3) со почеток во 19 часот. Изложбата ќе ја отвори организаторката Магдалена Стојмановиќ, а збор ќе земе и авторот Златко Панзов.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура