Во приватна галерија (aA29 Project Room) во Милано е отворена двојна самостојна изложба на македонската уметница Нада Прља и италијанската уметница Изабела Перс под наслов „In Common“. Изложбата е подготвена од реномираната италијанска кураторка Лаура Черубини, а говори за современите социјални (медиумски) и еколошки прашања.
Насловот Што ни е заедничко? укажува на заедничката основа која се проширува на просторните и временските оски на повеќе нивоа на меѓусебна поврзаност и коегзистенција, двете уметнички, со различни, но комплементарни погледи и методи, создаваат дијалог и размислување за важни современи, социјални и еколошки теми. Прља и Перс ги анализираат современите медиуми кои влијаат врз нашата перцепција за светот околу нас.
Нада Прља
Нада Прља ги рециклира своите постари дела за да создаде нови уметнички дела со исликување врз неколку од новинските страници на датумите и местата од природните катастрофи што се случиле на глобално ниво помеѓу 2004 и 2021 и ги спојува двете дела кои стануваат едно единствено рефлектирајќи реална слика за светската ситуација.
Делата на Изабела Перс ги толкуваат климатските промени преку јазикот на водата и поврзувањето слични ситуации, и покрај тоа што се физички многу оддалечени една од друга: небесните атоли на Кирибати во Тихиот Океан страдаат од ненадеен пораст на нивото на морето и територијата на Североисточна Италија, која беше погодена од силна бура (2018) уништувајќи десетици илјади хектари алпски шуми. Уметничките дела претставуваат време кое повеќе не постои.
Заедничката основа на делата лежи во деконструкцијата на типичните практики на масовните медиуми, како и во новите прашања за употребата и злоупотребата на информациите и преку пребарување на критичко читање на сегашното време. Прља ја претставуваше нашата земја на последното 58. Биенале во Венеција во 2019 година, годинава ја престави нашата земја на 14. Балтичко триенале во Литванија.
Изложбата е отворена од 3 и ќе трае до 13 февруари 2022 година.
Изабела Перс
Лаура Черубини, критичарка, куратор и историчар на уметност, позната особено по нејзиниот придонес во проучувањето на италијанската уметност од 60-тите и 70-тите години. Во 1992 година стана носител на Катедрата за историја на современа уметност на Академијата „Брера“, Милано. Од март 2011 година станува потпретседателка на Музејот MADRE, Неапол.
Лаура Черубини
Во 90-тите таа го курира Италијанскиот павилјон на Биеналето во Венеција и ја освои наградата Premio Carluccio за млади критичари. Во 1993 година ја курираше изложбата Peace Machines на Венециското биенале. Како дел од жирито на Италијанското биро на PS1-MoMA во Њујорк, потоа и како дел од жирито за Националната награда за млада уметност, селектира група на дела кои станаа прва аквизиција за реномираниот музеј MAXXI во Рим. Во истоимениот Музеј оваа годинава Наде Прља го претстави делото „Што ќе беше да успеевме“ во рамките на изложбата курирана од страна на Зденка Бадовинац. Во 2020 Лаура Черубини била куратор на новата секција Фокус на Arte Fiera. Черубини пишува критички осврти во италијанската и интернационалната едиција на Флаш Арт и во многу други уметнички списанија и каталози.
Фото: приватна архива