X
 13.06.2020 Живот

Работа од соништата - компанија нуди 1.500 фунти за онлајн-шопинг плус дневница

Една компанија бара луѓе што може да потрошат до 1.500 фунти, односно околу 1.670 евра, дневно за онлајн-шопинг. Компанијата ќе ги покрие трошоците за пазарењето и ќе им плати надомест.

„Аутфанд“ бара 5 „социјални потрошувачи“ за да купуваат производи од реклами кои ги гледаат на социјалните мрежи. За да аплицирате, треба да имате активни профили на најмалку три платформи од „Инстаграм“, „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“, „Снепчет“ и „Тик-ток“. Од кандидатите се бара секојдневно да ги користат мрежите. 



Фото: Pixabay

Одбраните за ова работното место може да купуваат какви било производи од оние што ќе ги видат во реклами. Компанијата ќе плати за производи со вредност до 1.500 фунти дневно, а тука се вклучени и трошоците за испорака на производите. Успешните кандидати ќе добијат и 70 фунти (78 евра) дневно како надомест.


За жал, ова е не е работа со полно работно време, туку работата ќе трае само еден месец. Се работи пет дена неделно, барем 2 и пол часа дневно. Работниците треба да поминат и барем половина час на секоја социјална мрежа.



Фото: Pixabay

Не се потребни големи квалификации. Треба да имате над 18 години и течно да зборувате англиски, како и да умеете да пишувате. Според огласот, нема географски ограничувања за работното место.

Пријавувањето трае до 17 август. Повеќе информации пронајдете тука.

Автор: Џејмс Ендрус
Извор: mirror.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот