Oва прашање го постави Институтот за технологија, а може да им помогне на економистите да разберат во колкава мера дигиталниот свет влијае врз нашите животи. Тие проценуваат дека социјалната мрежа „Фејсбук“, сама по себе, би можела да додаде 0,11 отсто годишно на американскиот бруто-домашен производ ако се земе предвид колку им значи на корисниците.
Идејата беше споделена на годишниот настан на Американското економско здружение во Сан Диего. Членовите на здружението се запрашаа колку всушност американското општество стана побогато од овие бесплатни технолошки иновации бидејќи „Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“ и другите апликации што ги инсталираме на телефоните не чинат ништо, па со самото тоа и не влегуваат во БДП. Без оглед на тоа што позитивно влијаат врз животите на луѓето, не влијаат врз јакнењето на економијата.
Заради експериментот, тимот од Институтот за технологија во Масачусетс им постави прашање на луѓето: Колкава парична вредност би им дале на овие услуги што ги користите бесплатно? Овој податок им овозможува да формираат алтернатива за БДП, наречена БДП-Б, што не е заснована на реални трошоци, туку на придобивките.
Фото: Pixabay
Со оглед на репрезентативниот примерок на американски корисници на интернет, тие откриле дека средната цена за која би се согласиле да се откажат од „Фејсбук“ за еден месец е 42,17 долари. Кога изолираната група испитаници во Холандија требало да даде вредност на разни интернет-услуги што се бесплатни, највисока оцена ѝ припаднала на апликацијата „Вацап“, која е во сопственост на „Фејсбук“.
За да се откажат од неа, бараат 598 долари. „Фејсбук“ пак вреди 100 долари, а „Твитер“, кој го користат само третина од групата, има вредност помала од 1 долар.
Но,
стручниот тим заклучи дека БДП бара повеќе истражувања за тоа како модерната, бесплатна стока влијае врз благосостојбата на економијата, со значителни политички импликации. Засега напоменуваат дека нивото на БДП во развиените земји почнало да се намалува од 2004 година.