На 18 декември еруптира вулкан на полуостровот Рејкјанес на Исланд. Иако моментално не претставува голема закана, ерупцијата беше поголема отколку што предвидуваа научниците. Фотографиите направени од фоторепортерите прикажуваат фонтани од лава кои достигнуваат и до 30 метри височина, додека сјајот на ерупцијата го осветлува небото во градовите оддалечени со километри.
Ерупцијата се случи на околу 3 километри северно од градот Гриндавик. Вулканската активност не беше неочекувана, бидејќи ѝ претходеа илјадници мали земјотреси што се случија во таа област. Ова предизвика евакуација неколку недели пред настанот, со што властите предупредија дека постои можност од ерупција.
Фото: Wikipedia
Вулканските активности се чести на Исланд. Во 2021 година вулканот ФаградФаградалсфјал, кој беше неактивен околу 6.000 години, повторно стана активен. Една деценија пред тоа вулканот Ејафјалајокул создаде огромни облаци од пепел што спречија над 100.000 летови во Европа. За среќа, карактеристиките на оваа ерупција не укажуваат на тоа дека ќе се случат слични нарушувања.
Фото: Wikipedia
- Неверојатната природа на земјата ни даде одличен тренинг и експертиза за справување со вакви уникатни ситуации - пишуваат од „Исландејр“.
Фото: Wikipedia
За безбедност на граѓаните, областа беше затворена за секаков сообраќај, а властите советуваат граѓаните да се држат понастрана од вулканот. Ова е особено важно со оглед на тоа што гасовите од ерупцијата можат да бидат опасни, а и можат да се отворат повеќе отвори по должината на првонастанатата пукнатина. Додека светот се надева дека сè ќе биде во ред, сликите од ерупцијата претставуваат хипнотизирачко шоу на оган и моќ од длабочините на земјата.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Wikipedia