X
 07.08.2021 Живот

Зошто престојот на море е здрав?

Многупати сме слушнале дека престојот на море е здрав, но зошто е тоа така? Според повеќе истражувања, престојот на море има многу придобивки за физичкото и менталното здравје. Тој е најдобар лек за нервоза, анксиозност и стрес. Освен што прави да се чувствуваме психички подобро, морето лечи и некои проблеми со кожата и ни помага да согориме калории.

Вода

Морската вода е преполна со минерали кои може да помогнат во лечењето на кожни заболувања како псоријаза и егзема, како и акните. Освен тоа, солената вода го ублажува иритирањето на носот, синусите и високата температура. Престојот на море го зголемува и лачењето на хормоните на среќа - допаминот и серотонинот.


Фото: Pixabay

Морски ветер

Морскиот ветер помага во детоксикацијата на телото бидејќи со дишењето ги полниме белите дробови со негативни јони кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Освен тоа, негативните јони имаат антидепресивни ефект.

Бранови

Брановите ги омекнуваат стапалата и му помагаат на телото да апсорбира електрони, што се добри за здравјето и го успоруваат стареењето. Топлиот песок под стапалата смирува, а одењето по плажата и пливањето ни помагаат да согориме калории.


Фото: Pixabay

Звук

Звукот на брановите го смирува умот и ги зајакнува когнитивните способности. Освен тоа, тој има ефект на медитација за телото.

Боја

Истражувања покажале дека луѓето што живеат покрај море се помалку изложени на стрес. Според истражувањата, постои врска помеѓу здравјето и сината боја на водата и небото. Генерално, сината боја смирува и опушта, па затоа плажата е идеална за релаксација.

Извор: Ekapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот