Грчка телевизиска станица во сопственост на државата е цел на исмевање деновиве откако прикажа водич за извлекување бензин од туѓ автомобил со црево и пробивање на резервоар за гориво за цедење на бензинот во него.
Водичот бил прикажан од страна на станицата „Хеленик бродкастинг корпорејшн“ минатата среда.
Во него експерт го објаснува процесот додека новинарот коментира дека станува збор за нешто што „не е многу комплицирано“ и би завршило работа и обично црево.
Корисниците на интернетот го исмеваат водичот на телевизијата, а во меѓувреме цените на горивото во Грција продолжуваат да растат.
Извор:
Insider
Насловна фотографија: Pixabay