X
 17.01.2024 Економија

ИКЕА најави намалување на цените годинава

Компаниите ги зголемуваат цените во последните години поради проблеми поврзани со пандемијата и геополитичките тензии и војни. Но Џеспер Бродин, главен извршен директор на групацијата „Ингка“, која ги поседува повеќето продавници ИКЕА во светот, вели дека се намалиле ценовните притисоци и затоа се планира намалување на цените во продавниците годинава.

Бродин открива дека има значајно намалување на цените на материјалите на големо, па затоа компанијата може да ги намали цените на своите производи. Според него, со оглед на тоа што потрошувачите се соочуваат со финансиски проблеми, ова не е година за оптимизација на профит.

- Ова е година во која ќе се обидеме да работиме со помал профит за да ги поддржиме луѓето - вели Бродин.

ИКЕА ги зголеми цените во 2022 година, но почна да ги намалува кон крајот на 2023 година, иако тие сѐ уште не се на нивото од пред пандемијата.

Истражување на 1.350 меѓународни компании покажа дека профитот на големите енергетски и прехранбени компании ги надминал нивоата на инфлацијата по војната во Украина.

Извор: Business insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија