X
 13.06.2022 Образование

На Универзитетот „Гоце Делчев“ се избира нов ректор

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска се спроведува гласањето за нов ректор.

Во трка за ректорското место се шест кандидати, кои претходно се пријавија на јавниот повик, а Универзитетската изборна комисија ја утврди уредноста на пријавите.

Кандидатите за кои денес се гласа се: проф. д-р Татјана Атанасова-Пачемска, Факултет за информатика; проф. д-р Владо Гичев, Факултет за информатика; проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, Факултет за медицински науки; проф. д-р Дејан Мираковски, Факултет за природни и технички науки; проф. д-р Зоран Панов, Факултет за природни и технички науки и проф. д-р Винета Сребренкоска, Технолошко-технички факултет.

Гласањето на единицата на Универзитетот го спроведува комисија од пет члена избрана од наставно-научните и наставно-научните и уметнички совети на единиците на Универзитетот.

Изборните комисии ќе ги обработат резултатите и ќе ги достават до Универзитетската изборна комисија, која ќе ја донесе одлуката, а истата потоа треба да биде потврдена од Сенатот.

Новиот ректор ќе го води Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со мандат од три години, со право на уште еден избор, почнувајќи од 15 септември 2022 година, па сѐ до 14 септември 2025 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование