X
 02.03.2016 Живот

УГД со нов сервис за реализирање на финансиски плаќања


Во насока на зголемување на ефективноста, ефикасноста и софистицирање на студентските сервиси во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како и спроведување на стратегијата на Универзитетот за воведување на иновации и креативност во процесот на студирање, се известуваат сите студенти на прв циклус студии дека од 17 февруари 2016 година е пуштен во функција нов сервис за реализирање на финансиски плаќања преку терминали за сите видови на надоместоци што студентите ги реализираат кон Универзитетот.

Преку ваквиот сервис студентите имаат можност за плаќање во готовина со провизија од 1,92% од износот кој е предмет на уплата, преку терминалите на „Плати брзо“. Уплатените средства во истиот момент се пренесуваат во електронскиот индекс на студентот и веднаш можат да се користат за која било активност преку електронски индекс.

Прочитајте повеќе на UGD life (life.ugd.edu.mk)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот