X
 13.06.2024 Живот

Таксист „иноватор“ е чекор понапред од технолошките компании

Неодамна беше објавена веста дека технолошката компанија „ЗФ Фридрихсхафен“ ја претстави својата иновација – волан за автомобили со вграден екран на допир. Нивната идеја е да се премести воздушното перниче на горната страна на воланот, а центарот да се резервира за дополнителен мултифункционален дисплеј.

Така, предната страна на воланот може да биде место што ќе им даде дополнителна слобода на дизајнерите, односно да функционира „како мобилен телефон“, со области на допир, прикажување важни информации или предупредувања и слично. Сепак, еден таксист веќе е чекор понапред од „ЗФ“ и ја спроведе оваа иновација.

Во верзија „направи сам“, тој го залепи својот мобилен телефон на воланот, токму на местото каде што моментално се наоѓа воздушното перниче. Идејата може да биде корисна, мобилниот му е секогаш пред очи и при рака, но ако дојде до несреќа, не би сакале да бидеме во неговата кожа.

[OC] My taxi driver in Amsterdam will end up with his phone through his face.
byu/anonduplo inIdiotsInCars
Извор: Autonet.bg.hr
Фото: Screenshot/Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот