X
 16.08.2021 Технологија

Автомобилите во иднина ќе може да детектираат алкохол во крвта на возачот

Во иднина Американците можеби ќе треба да му докажат на автомобилот дека се трезни за да може да возат.

Во американскиот Конгрес се дискутира воведување закон според кој, секој нов автомобил произведен од 2027 година ќе треба да вклучува систем со кој ќе се детектира алкохолот во крвта на возачот.

Во предлог-законот не се прецизира која програма или технологија би била воведена, иако во моментов се работи на технологија за детектирање алкохол во крвта на возачите од повеќе владини агенции и организации што работат во индустријата.

Оваа технологија, наречена ДАДСС (Driver Alcohol Detection System for Safety Program) предвидува два пасивни системи кои го детектираат алкохолот во крвта на возачот. Едниот систем го следи воздухот во автомобилот, а другиот го мери нивото на алкохол во крвта преку кожата на возачот при стартување на моторот на автомобилот.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија