X
 28.04.2022 Технологија

„Андроид“ има опција со која известува за земјотрес што надоаѓа

Во регионот се забележуваат поголем број земјотреси во последниот период. Затоа, една опција што неодамна ја имаат сите телефони на оперативниот систем „Андроид“ може да биде корисна. Станува збор за опција за известување за претстојни земјотреси. Известувањето се испраќа непосредно пред самиот земјотрес и нуди дополнителни безбедносни упатства за корисникот.

Корисници во Хрватска и во Босна и Херцеговина добиле предупредување неколку секунди пред земјотресот кој ја погоди Босна и Херцеговина  месецов.


Фото: Pixabay

Сите паметни телефони имаат мали акцелерометри кои може да почувствуваат сигнали на можен земјотрес. Доколку телефонот ги регистрира тие сигнали, испраќа предупредување до сервер за откривање земјотреси, кој потоа ги комбинира информациите од повеќе корисници во близина за да заклучи дали земјотресот навистина ќе се случи. Целиот овој процес се одвива во секунди.

Од „Гугл“ изјавиле дека на опцијата работеле со познати експерти за сеизмологија и природни катастрофи.

Како да ја вклучите опцијата?

Треба да одите во опцијата за нагодување на телефонот и во опциите за локација може да го најдете предупредувањето за земјотрес (англ. earthquake alerts). Доколку не ви е вклучена, вклучете ја.

На некои телефони на „Самсунг“ опцијата за локација се наоѓа под биометрија и заштита.

Извор: DDL
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија