X
 08.02.2015 Технологија

Како ќе изгледа првиот телефон на "Ubuntu"?

Се ветуваше со години, а сега дојде времето кога конечно се случува тоа. На пазарот излегува телефон на „Ubuntu“. „Aquarius E4.5“ се очекува да започне да е продава во делови од Европа веќе следната недела.


„Canonical“, Компанијата која е одговорна за развојот на оперативниот систем „Ubuntu“ ќе го продава телефонот на „BQ.com“ за само 169,90 евра, со што го става во конкуренција со економичните телефони. Меѓу другото, телефонот има 1 гигабајт РАМ-меморија, 8 гигабајти меморија, камера со 8 мегапиксели и екран со висока резолуција.


Она во што се разликува овој телефон е искуството кое ќе го нуди за корисниците. Компанијата објави промотивно видео во кое може да видиме како функционира телефонот.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија