X
 13.08.2015 Наука

Зошто се смееме?

Смеењето е многу поблиску поврзано до социјализацијата и љубовта отколку хуморот. Имено, луѓето многу почесто се смеат кога се со други луѓе, и тоа го прават за да покажат дека ги прифаќаат другите и дека им се допаѓаат, а помалку дека нешто е смешно во моментот.

Дури и кога некој кажува шега, луѓето поретко се смеат бидејќи шегата е смешна отколку поради социјални причини и најчесто личноста која ја кажува шегата се смее вистински. Кога сме кај вистинските насмевки, луѓето се прилично добри во препознавање лажно од вистинско смеење.

„It's okay to be smart“ е блогот кој стои зад видеото подолу. Во него ќе погледнете многу факти за смеењето и, претпоставувате, ќе слушнете многу смеење. Тоа е добро бидејќи смеењето е заразно, според видеото.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука