10 годишно истражување спроведено од научниците на НАСА користејќи сателитска технологија за следење на загадувачките супстанции во воздухот покажуваат локализираните човечки напори за подобрување на квалитетот на воздухот има големо влијание - откривајќи ги областите кадешто емисиите се влошиле во текот на изминатата деценија.
Научниците го следеле нивото на азот диоксид во регионите во кои биле опфатени 195 градови низ светот во перидодот од 2005 до 2014 година, создавајќи мапи за квалитетот на воздухот кои ги обележуваат градовите и државите во кои се подобрува квалитетот на воздухот.
„Овие промени во структурата на квалитетот на воздухот не се случајни“, вели Брајан Данкан, атмосферски научни во Годард центарот за вселенски летови на НАСА. „Кога владите преземаат и велат дека ќе создадеме нешто и со него ќе се регулира загадувачката материја, треба да се види влијанието врз податоците“.
Азот диоксидот (NO2) е токсичен жолто-кафеав гас кој се емитира од автомобили и индустриска инфраструктура како што се електрични централи, во голема мера преку согорувањето на фосилните горива. Тоа придонесува кон формирање на смог кој виси над урбаните средини што претставува голем респираторен загадувач.
НАСА ги следеше емиисите користејќи го сателитот „Aura“. Опремата им овозможи на научниците да ги видат од година во година движењата на азот диоксид во светот. За да добие смисла промената на податоците, тие ги споредија NO2 читањата за локализирани региони со информации како што се прописи за контрола на емисиите на областа и урбаниот развој.
Она што е неверојатно за овие мапи е колку брзо нивото на загадувачот може да се менува од година во година.
„Со новите податоци со висока резолуција, сега сме во можност да го зумираме и проучиме загадувањето и неговите промени во самите градови, меѓу кои и некои поединечни извори како големите централи“, вели Данкан.
Според НАСА, Америка и Европа се меѓу најголемите емитери на азот диоксид, но двата региони покажуваат драматично намалување во периодот на истражувањето. Ова се должи на построгите контроли на животна средина, со намалување на нивото на NO2 помеѓу 20-50% низ Америка и 50% во Западна Европа. Исто така паднаа нивоата и во Јапонија.
Сепак, регионите со брзо растечки економии и индустрија на проширување видоа големо зголемување на нивото на азотен диоксид - тука се најдоа Кина, Индија и Блискиот Исток кои покажуваат послаб квалитет на воздухот.
Кина во целина покажува пораст од 20-50% азотен диоксид, но трите метрополи - Пекинг, Шангај и Перл Ривер Делта - во текот на периодот имаа намалување на азот диоксид.
Погледнете го видеото подолу од НАСА за да откриете повеќе за овој проект.